Лев банер Десен банер

Бројни награди за учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга на општинскиот натпревар по биологија

На 13 февруари во основното училиште „Јосип Броз Тито“ Струга се одржа општински натпревар по биологија, на кој учениците постигнаа забележителни резултати и освоија повеќе награди во сите категории.

Во категоријата за седмо одделение, учениците остварија одличен успех:

  • Неда Сагдиновска – I награда

  • Александра Пејчиноска – II награда

  • Деспина Паноска – II награда

  • Мила Миса – II награда

  • Михаела Матоска – II награда

  • Јана Коркут – II награда

  • Милица Трифуноска – III награда

Ментор на учениците од ова одделение беше наставничката Нела Најдоска – Василевска.

Во осмо одделение наградени беа:

  • Михаил Настоски – II награда

  • Петар Калајџиески – II награда

  • Ема Митреска – III награда

  • Деспина Чакар – III награда

  • Бојана Тукулеска – пофалница

Ментор беше наставникот Антонио Ќосески.

Во категоријата за деветто одделение:

  • Марко Милески – I награда

  • Андреа Ноневска – II награда

  • Јаков Скепароски – II награда

  • Ива Грујоска – III награда

  • Меланија Танаскоска – III награда

  • Матеа Димоски – пофалница

И оваа група ученици работеше под менторство на наставникот Антонио Ќосески.

Со освоените награди, сите ученици обезбедија пласман на регионалниот натпревар по биологија. Од училиштето им упатуваат честитки за постигнатиот успех и им посакуваат уште поголеми резултати во наредната фаза од натпреварувањето.

StrugaOnline

error: