Пет земјотреси со умерен до посилен интензитет синоќа ги вознемирија жителите и туристите во Охридско. Најсилниот, од 4,1 степен според Рихтер беше регистриран во 00:05. Последниот, регистриран утринава во 6 часот и 29 минути беше со интензитет од 3,8 степени.
Може слободно да се каже дека земјата во нашиот регион се тресеше цела ноќ. Другите три земјотреса помеѓу најсилните беа во 1.16, 1.37 и 3.02 часот, во распон од 2.9 до 3.2 степени.
Facebook Коментари