Центар за јавно здравје Охрид: Водата за пиење од градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна

- Локални
1032

Во интерес на точно и навремено информирање на јавноста, Центарот за јавно здравје-Охрид  известува дека состојбата со квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Струга и селата приклучени на градскиот водовод е нормализирана. Наодите од 07.12.2017 од физичко-хемиската и микробиолошката анализа на водата за пиење покажуваат дека водата за пиење е здравствено безбедна согласно правилникот за безбедност на вода. Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.

Strugaonline

Facebook Коментари