Центарот на заедницата на Општина Струга организира панел дискусија на тема: Згрижување на деца од улица

- Локални
1076

Центарот на заедницата кој е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија и поддржан од Општина Струга ќе организира панел дискусија на тема: Згрижување на деца од улица што ќе се одржи на 31 Март 2017 година (Петок) во 14:00 часот во Салата на Совет на општина Струга.
Панелисти на овој настан ќе бидат членовите на координативното тело за спречување и отстранување на питачите на територијата на општина Струга кој го сочинуваат претставници од Центарот за социјални работи, МВР, општина Струга, Црвен крст, Здравствен Дом, Ученички Дом и невладиниот сектор. Задача на координативното тело е да врши надзор, спречување и отстранување на лицата кои ќе бидат затекнати при вршење на питачење на подрачјето на општина Струга.

Дискусијата ќе се состои од три дела и тоа:
– Воведен говор
– Споделување на мислење од поканетите панелисти
– Отворена дискусија со присутните.

Овој настан претставува можност да го кажете вашето мислење и став во врска со темата и мерките кои треба да бидат преземени од страна на локалните власти.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари