Директорката на Центарот за култура „ Браќа Миладиновци“ – Струга , Николина Велкоска Глигороска, потпиша меморандум за соработка со меѓународни уметници претставувани од Лида Шерафатмад од Малта.

„Со овој меморандум се воспоставува културна соработка со меѓународни уметници, претставувани од Лида Шерафатманд од Малта, за реализација на културна програма во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга. Програмата која вклучува изложба, поетски читања и други културни активности, ќе се реализира почнувајќи од месец јануари 2019 и во текот на следните месеци од 2019-та година. Во текот на програмата ќе бидат претставени уметници од целиот свет со свои слики, уметнички дела, поезија и.т.н.“ – истакна Глигороска за Strugaonline.

Со потпишувањето на меморандумот, планирана е и заедничка манифестација со уметници од Република Македонија. Меѓудругото, Лида Шерафтманд своите дела најпрво ќе ги изложи во Центарот за култура во Струга, а потоа истата поставка ќе биде изложена и во Њујорк.
Лида Шерафтманд е од Малта, а инсипрација за нејзините дела е цветот.
Целта на Меморандумот е проширување на соработката на Центарот за култура со културни здруженија и културни работници не само од Македонија туку и пошироко.
Strugaonline
Facebook Коментари