Центарот за социјална работа – Струга со значајно постигнување и успешно заокружување на 2025 година
-По повод заокружувањето на оваа година, оценувам дека се постигнати конкретни и мерливи резултати. Во период од само една година, реализиравме 10 нови вработувања, што претставува постигнување кое не е евидентирано во изминатите 10 години. Овој резултат е јасен доказ за сериозниот ангажман и одговорното управување, изјави директорот на Центарот за социјална работа – Струга, Едмир Тела.
Реализираните вработувања ги зајакнаа институционалните капацитети и имаа директно влијание врз подобрување на квалитетот, ефикасноста и континуитетот на социјалните услуги, во служба на граѓаните, додава.Оваа година потврдува дека со посветеност и одговорност, јавните институции можат да испорачуваат реални резултати, истакна на крај директорот на Центарот за социјална работа – Струга, Едмир Тела.
StrugaOnline

