Четири лица во Струга не ја почитувале забраната за движење

- Локални
756

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 13.04. до 07.00 часот на 14.04.2020 година,  седум лица (Струга-4, Кичево-3) не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. На 13.04.2020 во 20.50 часот, во хотел во Охрид, наменет за сместување лица во државен карантин, нарушен е јавниот ред и мир со непостапување според здравствените прописи за време на пандемија. Против три лица ќе биде поднесена кривична пријава според членот 206 од Кривичниот законик.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 9 контроли на лицата кои веќе се во изолација (Охрид-7, Струга-2). Евидентирани се 9 нови лица во самоизолација, (Охрид-2, Дебар-7) и извршени се 410 контроли врз овие лица (Охрид-44, Струга-206, Кичево-24 и Дебар-136).

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 228 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 202, Струга- 26), кои се сместени во четири сместувачки објекти (Охрид-3, Струга-1). Полициските службеници извршија 47 контроли на угостителски објекти.

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде заврши 30-дневната кризна состојба и каде ќе важат истите безбедносни мерки како и во целата држава.

„Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана за движење за сите граѓани на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 05 часот наредниот ден. Апелираме на совесно и дисциплинирано  придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.“ – стои во соопштението од СВР Охрид. 

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари