ЦЈЗ Охрид нуди мобилни тимови за ранливи категории на граѓани кои имаат потреба од лабораториски испитувања

- Локални
198
Поради високите температури изминативе денови, и најавата од УХМР за нивен раст во текот на оваа недела, Центарот за јавно здравје-Охрид потсетува на општите препораки за заштита од топлотен бран, а обезбеди и мобилни тимови за ранливи категории на граѓани во Охрид кои имаат потреба од лабораториски испитувања
 ,,Со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во овие надпросечно топли денови, за сите ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид става на располагање мобилни тимови подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа и ги обават потребните административни формалности, а по завршување на анализата, да Ви ги достават соодветните наоди/резултати.“-стои во соопштението од ЦЈЗ Охрид.
Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од нинвните телефони 078 488-250 или 078 488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 ч., каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар.
Strugaonline

Facebook Коментари