Лев банер Десен банер

ЦЈЗ Oхрид: Постепено се нормализира квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга

Состојбата со квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, во однос на параметарот матност, постепено се нормализира.-информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.
-Денешните, 07.11.2023 г., првични физичко-хемиски анализи на водата за пиење од Градскиот водовод во Струга, вклучително и за параметарот матност, покажуваат вредности кои се во границите на законски дозволените/пропишаните.-стои во соопштението од Центарот.
Додаваат дека е во тек  и микробиолошката анализа на земените примероци на вода, по што, конечните резултати од комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероците на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, ќе бидат испратени до соодветните, надлежни инспекциски органи за натамошно постапување.
Strugaonline

error: