Црковен одбор при храм „Св Ѓорѓи“-Струга: Трите нови случаи на КОВИД 19 во струшко, немаат врска ниту со Струга ниту со Литијата

- Локални
3585

После тврдењата на дел од министрите во владата, дека бројот на случаи со КОВИД 19 во земјава пораснал меѓудругото и поради Литијата која се одржа во Струга, со соопштение за јавност излегоа од струшкото архиерејско намесништво и црковниот одбор при храмот „Свети Ѓoрѓи“-Струга.

 

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Црковното настојателство и црковниот одбор при црквата Св. вмч Ѓорѓи Струга се оградува и најостро протеситра против произволните и незасновани тврдења и коментари кои изминативе неколку дена беа изнесени од министрите за информатичко општесто и администрација и здравство, а се однесуваат на бројот на новорегистрирани случаи позитивни на КОВИД 19 во струшко.

Македонската Православна Црква ОА , Дебарско кичевската епархија и црквата Св. вмч Ѓорѓи Струга, изминатиов период покажуваше висока одговорност и чувство за  актуелната состојба, што најдобро го потврди и за време на Литијата , кога јавно неколку пати преку медиуми и непосредно го повика верниот народ на почитување на одредбите за заштита и превенција кои се актуелни периодов.

Како резултат на одговорното однесување на верниците се покажа дека во изминатите 17 дена , што е период кој опфаќа повеќе од еден пропишан карантин (14 денови) во Струга нема ниту еден досега регистриран случај позитивен на КОВИД 19.

Потенцираме „во Струга“  бидејќи изминатиот период многу често случаите позитивни на КОВИД 19 од селата во струшко се воопштуваа и се презентираа како да се од Струга.

Сакаме посебо да нагласиме дека од 06.05. 2020 до 23.05.2020 во струшко беа евидентирани три позитивни случаи кои апсолутно немаат никаква врска со Струга, а посебно немаат врска со Литијата од 07.05.2020. Ова може да се потврди во официјалните дневни медицински извештаи кои беа јавно презентирани преку медиумите и прес-конференциите во владата на Р. Македонија.

Затоа, уште еднаш апелираме на совесно и правилно информирање на јавноста кога се говори за вакви сензитивни и актуелни прашања, посебно кога се изговорени од јавни личности, претставници на владата на Р. Македонија. “

 

Facebook Коментари