Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на Општините Охрид и Дебрца е заложба која континуирано, посветено и совесно се спроведува, информираат од охридскиот Црвен крст.
– Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во наШиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.
Честитајќи им го 17-ти март, Денот на крводарителството во Република Македонија, Црвен крст – Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца и ги поканува на пригодна свеченост во петок на која ќе се доделат признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството, додаваат од Црвен крст од Охрид.
Извор: ОхридПрес
Фото: архива
Strugaonline
Facebook Коментари