Црвен крст-Струга дистрибуираше сетови со средства за дезинфекција во десет училишта
Црвен крст на РСМ ,Општинска организација Струга изврши дистрибуција на дезинфекциски сетови во десет училишта кои беа донација од Министерство за образование и наука и од Турската агенција за соработка и кординација TIKA.

Ова е само една од низата акции на донирање и дистрибуција на средства за дезинфекција на Црвен крст-Струга од почетокот на паднемијата.
Претходно, тие дистрибуираа и донираа маски, ракавици и средства за дезинфекција на семејства од ранливи категории, а не изостанаа ниту хуманитарните акции во кои ранливите категории граѓани добиваа пакети со храна.
Strugaonline

