Црвен крст-Струга го објави конкурсот за обука за негуватели на стари лица
Општинската организација на Црвен крст – Струга објави конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица.

Кандидатите, според конкурсот, треба да се државјани на Република Македонија, на возраст од 18 до 62 години, да имаат општа психофизичка способност за работа, завршено средно образование да се мотивирани да работат со стари лица.
– Се повикуваат сите заинтересирнаи лица од територијата на општина Струга, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, тоа да го направат до 08 декември годинава, стои во конкурсот на Црвен крст Струга.
Обуката, камо што е наведено, е сертифицирана, а заинтересираните кандидати може да се пријавата на емаил адресата struga@redcross.org.mk или во просториите на општинската организација на секој работен ден од 8 до 16 часот, телефон 046 786 014.
Strugaonline
