Црвен крст-Струга има мобилен тим за помош на стари и изнемоштени лица кои живеат сами , хронично болни лица, семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани.
Мобилниот тим наместо вас ќе набави лекови, прехрамбрени производи и средства за лична хигиена. Сервисната услуга е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат средства за производите што им се потребни.
Ваква услуга можете да побарате во период од 08:00 до 12:30 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари