Црвен крст-Струга ја одбележа Недела на промоција на хумани вредности

- Локални
988

ЦКРМ, Општинска организација Струга од 21 до 27 септември ја одбележа Недела на промоција на хумани вредности (циклус 2018) за успешно завршените мали проекти од страна на волонтерите и членови на клубот на млади при Црвен крст Струга. Сите учесници во проектите добија благодарници за својот придонес.

Во склоп на одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности,  пред присутните зборуваа посветени волонтери кои ги раскажаа своите приказни и потенцираа колку е важно да бидеме свесни за хуманоста и преку волонтерските активности да се помага на другите. Нивните мотивациски говори се поттик за хуманоста да биде култура на живеење и за индите генерации во нашиот град.

Црвен крст-Струга не застанува тука, денеска соодветно ќе биде одбележан Меѓународниот ден на старите лица.

Strugaonline

 

Facebook Коментари