Црвен крст Струга ја започна кампањата за превенција од дијабетес
Црвен крст Струга ја започна кампањата за превенција од дијабетес.

Волонтерите од Црвен крст вчера им измерија шеќер на околу сто случајни минувачи во струшката чаршија и им поделија флаери со информации за рано откривање на шеќерна болест, како и совети за превенција преку правилна исхрана, физичка активност , прекин на пушење и прекумерна конзумација на алкохол.

Од струшкиот Црвен крст информираат дека со вакви активности ќе продолжат во тек на цел ноември, вклучувајќи и лепење плакати со совети и информации на оваа тема.
Strugaonline

