Лев банер Десен банер

Црвен крст Струга меѓу заслужните со плакета за успешно реализиран план на крводарителство за 2024 година

Црвениот крст на Република Македонија вчера, на 28 октомври 2025 година, додели јубилејни признанија на 20 Општински организации на Црвениот крст кои го реализираа и надминаа годишниот план за крводарителство во 2024 година.
Општинските организации на Црвениот крст, преку редовни и дополнителни крводарителски акции, активно ја поддржуваа работата на здравствениот систем и придонесоа за јакнење на свеста за хуманост и солидарност во заедницата. Со својата посветеност и дополнителни активности за унапредување на крводарителството, тие постигнаа исклучителни резултати и поставија висок пример за останатите.
На свеченоста што се одржа во просториите на Црвениот крст на Република Македонија, присуствуваа секретари и претставници од наградените Општински организации. Во рамки на настанот се одржа и дискусија на тема: „Можности за унапредување на крводарителството“, на која учесниците разменија искуства и идеи за подобрување на идните активности.
И Црвен крст Струга меѓу заслужните со плакета за успешно реализиран план на крводарителство за 2024 година.
-Благодарност до крводарителите и за ова Признание, велат од Црвен крст Струга.
Црвениот крст продолжува да го промовира крводарителството како чин на хуманост, солидарност и добрина, со цел секојдневно да се поттикнуваат граѓаните да даруваат живот преку својата крв.

StrugaOnline

error: