Црвен крст-Струга од понеделник започнува со обуки за прва помош за возачи и правни лица

- Локални
805

Црвен крст Струга започнува со обуки за прва помош за возачи и правни лица.

„Имајќи ја во предвид одлуката за олеснување на мерките поврзани со COVOD-19 , ги известуваме сите кандидати за шофери дека започнуваме со формирање групи за полагање на Прва Помош за Возачи и правни лица. Кандидатите од групите кои беа формирани ќе бидат информирани со телефонски повик. Исто така сите кои имаат потреба за било каква инфотмација да не’ контактираат на телефонскиот бро 071/398-424. Курсевите започнуваат од 18.05.2020 година од 09:00 до 16:00 часот “ – информираат од Црвен крст.

Од таму потсетуваат дека носење на заштитна опрема, маска за лице и ракавици е задолжително.

Strugaonline

Facebook Коментари