Лев банер Десен банер

Црвен крст Струга спроведе едукативна работилница за доброволно дарување крв во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга

На 9 февруари 2026 година во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга, од страна на Црвен крст Струга беше реализирана едукативна и мотиваторска работилница за доброволно дарување крв, со цел подигнување на свеста кај младите за значењето на оваа хумана активност.

Работилницата ја спроведоа Влера Исмаили и Аулона Шеји, кои преку структурирана презентација и интерактивна дискусија ги запознаа учениците со важноста на доброволното крводарување, неговата улога во здравствениот систем, како и со фактот дека секоја дарувана единица крв може да спаси повеќе човечки животи.

Учениците имаа можност да поставуваат прашања, да дискутираат и да се информираат за условите и постапката за дарување крв, со што се поттикна нивниот интерес и општествена одговорност уште од најрана возраст.

Организаторите упатија благодарност до раководството на училиштето за соработката и поддршката во реализацијата на настанот, како и до учениците за покажаниот интерес, активност и позитивна енергија.

StrugaOnline

error: