– Во текот на вчерашниот ден, четврток, 15-ти август 2024 година, регистрирани се вкупно 53 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, 6 се под контрола и 35 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
– Во регионот на Охрид активен е пожарот на планината Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа. Гори нискостеблеста вегетација и букова шума, потенцираат од ЦУК.
Извор: ЦУК
фото: ТППЕ Охрид
Facebook Коментари