На територија на Република Македонија, до 12:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а 11 се изгаснати.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), се’ уште е активен пожарот во Струга кај местата викани „Октишка Краста“ и „Бегова Шума“, во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, во Прилеп кај село Дабница, во општина Македонски Брод, кај селата Девич-Грешница, во општина Чешиново и Облешево, село Теранци, општина Јегуновце, на потегот меѓу селата Рогачево и Јажинце и во општина Сопиште, кај село Св. Петка.
StrugaOnline
Facebook Коментари