ЦУК: Сеуште е активен пожарот во Октиси кај местото викано Октишка Краста

- Локални
140

Сеуште е активен пожарот во Октиси кај местото викано Октишка Краста (ниска вегетација).

Како што соопштија оттаму, на терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно.

„По барање на градоначалникот на Струга беше испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, каде се испрати Авион на Дирекцијата за заштита и спасување „ер трактор“ за гаснење на пожарот.

Додека пожарот во с. Белица (багреми и нискостеблеста вегетација) е изгаснат, информираат од Центарот за Управување со Кризи.

StrugaOnline

Facebook Коментари