Да му помогнеме на Наум Колоски од Луково, Струга кој веќе шест месеци се наоѓа во тешка ситуација поради операцијата и зрачењето за неговата болест – редок вид на тумор интермедијално диференциран Г2 липосарком, миксоиден тип.
Поради ова, не може да работи од октомври и сите негови заштеди се потрошени за лекувањето, патувањата до Скопје и основни животни трошоци. Се соочува со големи тешкотии, бидејќи без доход, не може да ги покрие основните потреби како што се киријата, храната и сметките. Поради немање 6 меcеци непрекинат однос не доби никаква помош од државата од фондот за здравство. Сепак, помошта што ја доби од неговите колеги и пријатели, како и поддршката од неговото семејство, му дадоа сила да продолжи. Нивната солидарност беше од големо значење за него во ова време на криза и многу е благодарен.
Но, сега, кога сите негови заштеди се потрошени и се соочува со долгови, му е потребна помош за да можи да се фокусира на неговото здравје и лекување. Секој денар што ќе го донирате ќе му помогне да ги покрие основните трошоци, да се опорави и да започне повторно со животот.
Ваша поддршка ќе му помогне да ја надмини оваа тешка ситуација и да се фокусира на неговото закрепнување.
За да донирате кликнете ТУКА.
StrugaOnline
Facebook Коментари