Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, денеска со почеток во 17:30 часот, ќе се проектира данскиот анимиран филм за деца „Кариран Нинџа“. Влезот е 100 денари.
Приказната е за Алекс, ученик во седмо одделение, кој е вљубен во Џесика, ученичка во осмо одделение. Неговиот однос со полубратот Шон и очувот Џон е напнат. Мангупот Глен од погорните одделенија ги малтретира Алекс и неговиот пријател Одисеј на училиште. Кога Стјуарт ќе се врати од патувањето во Тајланд, ќе му донесе специјален подарок – нинџа кукла направена од кариран материјал, која всушност е жива, односно е опседната со стар јапонски дух. Карираниот нинџа му помага на Алекс да се справи со школските проблеми: заедно ќе ги победат Глен и Алекс ќе ја освојат Џесика. Но, карираниот нинџа има мисија да му се одмазди на циничниот директор на фабрика за играчки, Филип Еперминт, кој убил дете кое работело во неговата фабрика во Тајланд.
Алекс не сака да биде дел од оваа крвна одмазда, но ветува дека ќе му помогне на карираниот нинџа, па почнуваат да се натпреваруваат меѓусебе. Алекс ќе го научи Нинџата многу важна лекција: дека крвавата одмазда не е ништо друго туку крваво злосторство и постои друг начин на кој може да му се одмазди на криминалецот без да ги извалка рацете.
Во 2019 година, филмот ја освои наградата за најдобар филм за деца и млади и за најдобро адаптирано сценарио на фестивалот Роберт, беше прогласен за најдобар дански филм на наградите „Зулу“ и беше номиниран за најдобар филм за наградите “Бодил”.
Данскиот комичар Андерс Матесен, кој е и режисер на филмот, ги урна сите рекорди на гледаност со новиот анимиран филм за опседнатата карирана кукла. Со скоро еден милион продадени кинобилети, „Кариран нинџа“ влезе во историјата како еден од најпродаваните филмови во данските кина. Не само што Андерс Матесен направил филмски хит, туку и песните од филмот се исто така хитови на данските музички листи.
Strugaonline
Facebook Коментари