Дашмир Насуфи: Злоупотребите на вода во Струга се огромни, без совеста на граѓаните претпријатието е немоќно

- Локални
965

Струга и годинава на сред туристичка сезона има проблем со водоснабдувањето. Граѓаните се жалат дека во одредени временски интервали немаат ниту капка вода на екстремно високи температури. Директорот на ЈП Водовод и канализација-Струга,  Дашмир Насуфи, вели дека главниот проблем се несовесните граѓани кои не престануваат со злоупотреби. Тој додава дека претпријатието располага со три пумпи за снабдување со вода, а четвртата треба да ја добијат деновиве.

,, Имаме и потопни пумпи со кои ги полниме резервуарите во текот на ноќта, па затоа се рестрикциите во период од полноќ до 4:00 часот наутро. Ако не постоеа злоупотребите со кои се бориме, благодарение на овие потопни пумпи немаше да постои никаков проблем. Мора да се земе во предвид дека на овие температури и бунарите пресушуваат. Ако немаме соработка со граѓаните, навистина сме немоќни“-вели Насуфи за Strugaonline.

Тој додаде дека во процесот на откривање на случаи на злоупотреба, бил приморан да побара помош од командирот на Полициска станица-Струга, затоа што, како што вели, екипите на на ЈП Водовод и канализација-Струга трпеле закани.

-Во ваква ситуација, на овие температури, според однесувањето на граѓаните испадна дека наводнувањето на паркови е најважно. Има куќи во кои кога ќе влезат наши екипи трпиме закани, па побаравме и полицискo засилување. Ми останува само да апелирам граѓаните да бидат совесни за да не се соочуваме со вакви проблеми на екстремно високи температури- потенцира Насуфи.

ЈП Водовод и канализација Струга известува дека поради изведување работни активности, денеска (16.07.2024) притисокот на водата на територијата на општина Струга ќе биде намален. Истото ќе се повтори и во четврток (18.07.2024), поради изведување работни активности од страна на „ЕВН“.

Strugaonline

Facebook Коментари