По повод Светскиот ден посветен на заштитата на животната средина 5ти јуни, Црвен крст Охрид преку своите волонтери од програмата „Грижа за стари лица“ организира дефиле низ улиците на Охрид кое ќе има едукативен карактер. Целта на ова дефиле е да се подигне свеста на целата јавност за бројните еколошки проблеми кои за жал се реалност и во Македонија но и во целиот свет.
Дефилето ќе се одржи денес од пред седиштето на Црвен крст Охрид, а поворката ќе се движи по тротоарите на улицата „Димитар Влахов“, Градскиот плоштад и ќе заврши кај плоштадот „Крушевска република“ (кај Чинарот) каде што волонтерите од Црвен крст Охрид ќе читаат еколошки пораки, пораки за хуманост и ќе демонстрираат правилно одлагање и селектирање на отпадот. Учеството во ова дефиле е отворено за секој граѓанин .
Извор: ОхридПреc
Facebook Коментари