Дел од регионалниот пат Струга-Охрид, во должина од 600 метри, денеска од 13:00 часот е затворен за сообраќај.
– За сообраќај се затвора регионалниот пат Р1208 влез во Охрид до спојот со Р-1301 (до Здружение на возачи – Охрид) во должина од 600 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Забраната ќе трае до крајот на изведување на градежните работи, а сообраќајот ќе се одвива сопренасочување.
Извор: ОхридПрес
фото: архива
Facebook Коментари