Дела на Милко Нестороски и Лида Шерафатманд претставени на дипломатски настан во Хаг

- Локални
514

Во амбасадата на Малта во Хаг се одржа дипломатски свечен настан во чест на приемот на Малта во Советот за безбедност при ОН.

По тој повод, беше поставена изложба со дела на интернационалната уметница Лида Шерафатманд и струшкиот уметник Милко Нестороски.

Лида и Милко го претставија и манифестот на уметничкото движење ,,Флоресенцизам“ на кој и двајцата се автори.

,,За мене беше голема чест да претставам свои дела на еден таков настан заедно со Лида. Нашата уметност се стреми кон рушење на националните бариери и навлегувањето во изобилството на природата. Темата на моите дела, односно колекција на кукли насловена ,,Амбасадори на оностраниот свет“ целосно се вклопи со прашањето за базбедноста на водите, кое што всушност е и главниот мотив за влезот на Малта во Советот за безбедност“. – изјави за Strugaonline, Милко Нестороски.

Тој додава дека ја искористил можноста пред дипломатсакиот кор да ја претстави Струга како град на поезијата и Охридското езеро, како најстаро езеро во Европа заштитено до УНЕСКО.

На настанот присуствуваше и македонската амбасадорка во Холоандија, Бети Јачева, која што има струшко потекло.

Strugaonline

Facebook Коментари