Делегација на Општина Струга положи свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата

- Локални
574
По повод 9 Мај – Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, делегација на Општина Струга предводена од градоначалникот на општината, Рамис Мерко со дел од Советот на општина Струга оддадоа почит на борците со положување свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата.
,,Подвигот на борците кои ги дале своите животи на олтарот на победата над фашизмот никогаш нема да се заборави. Слава им!,,-стои во соопштението од Општина Струга.

Светот годинава одбележува 77 години од Денот на победата над фашизмот.

На 9-ти мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население, војна која однесе повеќе од 50 милиони животи.
Strugaonline

Facebook Коментари