Делегација од Бурса ја посети Струга, ќе се реализираат проекти за подобрување на условите во образованието

- Локални
483
Претставници од регионалното Министерство за образование и наука и претставници од локалната самоуправа и од Културниот центар на Косово, денеска беа дел од делегацијата од општина Гемлик –Бурса од Република Турција, во општина Струга.
Оваа посета е дел од збратимувањето меѓу двете општини и ЈОУДГ “8 Март“, ООУ “Браќа Миладиновци“, СОУ “Нико Нестор“ и СОУ “Др. Ибрахим Темо “како и соодветните градинки и училишта во Бурса.
Целта на оваа соработка е реализација на заеднички проекти за подбрување на образованието и условите во градинките и училиштата. Гостите беа воодушевени од Струга , не само од убавината на градот туку и од струшкото гостопримство.-информираат од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари