Делегација од општинската организација на Сојузот на борци од Струга, вчера положија свежо цвеќе на споменикот од Двата Илиндена 1903 – 1944 во струшко Маруништа

Делегација од општинската организација на Сојузот на борци од Струга, предводена од потесното раководство на организацијата, на 2 август 2024 година положија свежо цвеќе на споменикот од Двата Илиндена 1903 – 1944 во струшко Маруништа, каде што беа одбележани 121 година од Илинденското востание и 80 години од АСНОМ.

Делегацијата потоа се приклучи на сенародното одбележување на Илинденските денови во селото, во дворот на селската црква. Каде што 1903 година се водела една од тешките борби на Илинденците.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

