Делегација од Советот на Општина Струга присуствуваа на официјален состанок во Општина Призрен, Косово

- Локални
174
Делегација од Советот на Општина Струга, предводена од претседателот на советот, г-ѓа Арбреша Влаши со советниците, како и од Секретарот на општината со претставници од општинската администрација, учествувааа на официјален состанок во Општина Призрен, Косово, со цел соработка во областа на туризмот, културата и економскиот развој, но и продлабочување во иднина на соработката меѓу советите на двете општини.
-Сакаме да изразиме искрена благодарност до претседателот на Советот на Општина Призрен, г-ѓа Антигона Битиќи, како и до Градоначалникот на општина Призрен, г-дин Шаќир Тотај, за нивното гостопримство во нивната општина, за време на престојот стекнавме некои многу важни искуства за работата на општината во областа на економскиот, социјалниот и културниот развој, но и во областа на туризмот и инфраструктурата, велат од Општина Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари