Делниците Струга – Дебар и Охрид – Свети Наум од денеска со изменет сообраќаен режим

Поради изведување градежни активности за подобрување на црната точка кај населеното место Враништа од денеска се воведува седумдневен променет режим на сообраќај на регионалниот пат Р1201, делница Струга – Дебар, инфомрира АМСМ.
Оттаму посочуваат дека од „Виадукт Трејд“ – Гостивар добиле известување дека од денеска ќе се започне и со изведување градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионалниот пат Р1301, делница Охрид – Свети Наум, во времетраење од сеедум дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Strugaonline

