Градот Охрид утре ќе го одбележи „Денот без автомобили“ кој се случува по повод Европската недела на мобилност која годинава го носи мотото „Чиста, споделена и паметна мобилност“.
Велосипедското дефиле ќе започне во 11:00 часот пред општинската зграда. Во перидот од 11-13 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците: „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифовски“ – од пресекот со „Димитар Влахов“ до пресекот со „Партизанска“, „Партизанска“ – од пресекот со „Кузман Јосифоски“ до пресекот со „Јане Сандански“ и дел од „Јане Сандански“ – од пресекот со „Димитар Влахов“ до општинската зграда .
Охриѓани своите автомобили ќе ги остават дома и ќе пешачат или ќе возат велосипед се со цел да укажат на важноста од зачувување на чиста животна средина и чист воздух.
Ова е пракса која е застапена во повеќе европски градови.
Извор: Охридпрес/Strugaonline
Facebook Коментари