Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан денеска, на Плаошкиот манастир во Охрид.
Претходно, заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 09:00 часот. На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ-ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.
Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј почина во понеделникот, на 73 годишна возраст по кусо боледување.
StrugaOnline
Facebook Коментари