Денес и утре Мостот на поезијата во Струга ќе биде затворен за сообраќај
Денеска и утре ќе биде затворена за сообраќај улицата „Партизанска“ во Струга поради поставување сценографија на Мостот на поезијата за свеченото затворање на Струшките вечери на поезијата. Традиционално утревечер со почеток во 20:30 часот ќе се одржи „Мостови“, меѓународно поетско читање и врачување на наградите „Златен Венец, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови“, стои во информацијата од СВП.
StrugaOnline

