Денеска во Струга ќе се одржи Годишниот концерт на КУД „Илинден“

- Локални
323

Денеска во Н.У. Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга традиционално ќе се одржи Годишниот концерт на КУД „Илинден“.

„Годишниот концерт се одржува 41 година по ред. На годишниот концерт настапуваат сите наши членови кои моментално бројат околу 200 членови, а се поделени во 7 групи според возраста, пејачката група, оркестар. овитет оваа година е што за првпат имаме рекреативна – ветеранска група која започна да работи при нашето друштво.

Ги покануваме сите љубители на народната песна и оро да не бодрат и подржуваат од публика и да уживаат заедно со нас“ – изјави за strugaonline Љупчо Милошески.

Стартот е закажан за 19:00 часот, билетите се по цена од 200 денари.

StrugaOnline

Facebook Коментари