Денес на струшкото крајбрежје еко-акција за чистење на Охридското Езеро
Денеска ќе се реализира второто издание на еко-акцијата за чистење на Охридското Езеро, на струшкото крајбрежје. Оваа акција е организирана од Клуб за подводни активности „Норкач“ Струга, Camping SCOUT Струга, Diving.mk, Нуркачки клуб „Сирена“ – Скопје како и други нуркачки клубови од цела Македонија, а исто така се очекува учество и од Србија.

– Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во оваа акција или да ја поддржат на било кој начин, да не контактираат. Вашето учество и поддршка се клучни за успешното реализирање на оваа иницијатива“. -додаваат организаторите.
StrugaOnline

