Лев банер Десен банер

Денес од 17 часот се отвара Новогодишниот базар во Струга

Од Општина Струга Ве покануваат да бидете дел од отворањето на Новогодишниот базар, каде што Ве очекуваат вкусна храна, празнична забава и многу насмевки.
-Базарот е место за дружење, радост и убави моменти – за деца, семејства и сите генерации. Дојдете да уживаме заедно во топлата празнична атмосфера и да ја започнеме новогодишната магија онака како што доликува – со смеа, музика и заедништво, велат од Општина Струга.
Новогодишниот базар е поставен на платото пред споменикот “Моме оди на вода” (Чаршиски мост) и ќе започне во 17 часот.

StrugaOnline

error: