Денес, ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга учествуваше во симулација на пожар организирана по повод Денот на пожарникарите

- Локални
321
Денес, во ООУ „Јосип Броз Тито“ во Струга, учениците и вработените имаа уникатна можност да учествуваат во симулација на пожар, организирана по повод Денот на пожарникарите.
Со цел да се подигне свеста за важноста на брзото и координирано дејствување во итни ситуации, настанот беше реализиран со поддршка од: Територијалната противпожарна единица Струга, Црвен Крст Струга, Полициската станица Струга и Итната медицинска помош.
Оваа едукативна активност им овозможи на учениците директно да видат како изгледа спасувачка операција и да научат важни чекори за самозаштита при пожар.
Голема благодарност до сите служби што секојдневно го ризикуваат својот живот за нашата безбедност, велат од ООУ „Јосип Броз Тито“ во Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари