Од 25 до 27 април, Охрид повторно ќе биде домаќин на најинспиративниот настан за млади претприемачи – Startup Weekend Ohrid 2025.
Во текот на интензивни 54 часа, 12 тимови ќе работат на развој на свои бизнис идеи, ќе креираат стартапи од нула, ќе добијат менторска поддршка од 20 докажани професионалци, и ќе ги презентираат своите решенија пред стручно жири составено од врвни експерти од светот на технологијата, иновациите и бизнисот.
Startup Weekend е дел од глобалната Techstars мрежа и претставува уникатна можност за сите кои сакаат да навлезат во светот на иновациите, технологијата и претприемништвото. Настанот е отворен за сите – дизајнери, програмери, маркетери, студенти, фриленсери и сите со креативен дух и желба да направат нешто свое.
-Со голема чест најавуваме дека на отворањето на настанот ќе присуствува и Градоначалникот на Општина Охрид, кој ќе има поздравно обраќање. Дополнително, поддршката од Швајцарската амбасада и British Council ја потврдува важноста на овој настан и неговото влијание врз развојот на претприемничката култура кај младите, велат организаторите.
Покрај натпреварувачкиот дел, настанот ќе биде исполнет со инспиративни сесии, вмрежување, нови пријателства и уникатно искуство што ќе ги охрабри сите учесници да размислуваат храбро, креативно и претприемнички.
StrugaOnline
Facebook Коментари