Лев банер Десен банер

Денес студено со силен северен ветер

Во четврток поради продор на многу студена воздушна маса од север, во земјата ќе преовладува променливо облачно, студено време и со силен северен ветер, повремено со брзина од околу 100 километир на час.

struga-vreme

Според УХМР, денес дневната температура само на некои места ќе се задрижи негативна. Утринските се движат од -8 во Маврово до 2 Целзиусови степена во Гевгелија, додека максималните дневни ќе се движат од -4 до 7 степени.

Во Струга минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 0 степени, а максималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 3 степени.

Од петок следува постепено разведрување и значително паѓање на утринските температури, па за време на викендот времето ќе биде сончево.

За новогодишната ноќ ќе биде ведро и многи студено, со температури околу -10 Целзиусови степени.

error: