Денес во Американско катче Струга, ќе се организира Информативна сесија за Проектот на УСАИД за граѓанско учество

Денес во Американско катче Струга, ќе се организира Информативна сесија за Проектот на УСАИД за граѓанско учество (CEP).
CEP е петгодишна иницијатива финансирана од Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД), спроведувана од Ист Вест Менаџмент Институт (EWMI), Inc.
Ќе се промовираат две програми: LEAD MK и програмата YES. LEAD MK е нова програма, дизајнирана за младите од Македонија, со цел поттикнување на нивните вештини и знаења за вклучување во проекти кои се во интерес на заедницата. Право на учество имаат млади од 18 до 25 години.
Настанот е со почеток во 14 часот.
По денешната презентација, младите ќе имаат можност до 25-ти јануари да аплицираат со свои проекти.

