Денес во „Нико Нестор“ Струга учениците ќе имаат средба со европратеникот Роман Хакен

Денес учениците од Средното стручно општинско училиште „Нико Нестор“ од Струга ќе имаат средба со претставникот на Европскиот комитет Роман Хакен, кој е член на Европскиот комитет за економија и социјална политика. Учениците од економската струка на училиштето ќе дискутираат со европратеникот на бројни теми кои го тангираат развојот на економијата.
Хакен освен претседател на Центарот за комуникација за Централна Моравија е и член на Чешкиот парламент. Од септември минатата година стана член на Европскиот комитет за економија и социјална политика и е експерт за областите од агрокултурата, руралниот развој, економија, монетарна унија и социјална кохезија.

