Денес во Струга, Изложба на рачни изработки

- Локални
290
По повод Светскиот ден на занаетчиството – 15ти Октомври, НЗ Пинкокрафтс во соработка со НУ Музеј „Др. Никола Незлобински“ Струга, организираат Изложба на рачни изработки
и работилница за накит.
На Изложбата учество ќе заземат ракотворци од Струга и Охрид кои ќе се претстават со свои дела и изработки, а секој посетител ќе може одблиску да се запознае со процесот на изработка.
Изложбата ќе се одржи денес со почеток во 14:30 часот во просториите на Спомен домот на браќата Миладиновци во Струга.
Влезот е слободен за сите посетители.
StrugaOnline

Facebook Коментари