Денес во Струга се одржува второто издание на Спортскиот фестивал „Илинден“ 2023
Денес во Струга ќе се одржи второто издание на Спортскиoт фестивал ,,Илинден.“

„Годинава оваа спортска манифестација нуди поразличен концепт и вклучува три ревијални ватерполo натпревари од интернационален карактер со поддршка од Ватерполo федарацијата на Македонија, трки во едносед, кајк, трки со суп штици и скокови во вода.“ -информираат од спортскиот клуб „Соларис“ – Струга кои се организатори на фестивалот.
Концептот на спортските активности за второто издание на фестивалот опфаќа организација на разни спортски натпреварувања на вода:
– ТРКИ ВО КАЈАК
Ќе се одржат во дисциплината к1 (едносед) на 100 метри низводно веслање во машка и женска конкуренција во групи од по тројца кајакари. Најдобрите три времиња од сите групи одат во финале. Критериум за учество е учесниците да не се активни натпреварувачи во кајак.
Пријавување најдоцна до 30.07.2023 , (12:00) на фб или инстаграм профилот на Спортски Клуб Соларис. Одговорен за кајакарските трки: Krunislav Gagovski Kosta Hiohi
– ТРКИ СО СУП ШТИЦИ
Ќе се одржат во дисциплината к1 (едносед) на 100 метри низводно веслање во машка и женска конкуренција во групи од по тројца кајакари. Најдобрите три времиња од сите групи одат во финале. Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани. Веслањето на СУП-от може да биде реализирано од секаква положба на телото (стоечка, седечка, на колена ) Доколку натпреварувачот падне во вода за време на трката ИМА право да се врати на штицата и да продолжи
Пријавување најдоцна до 30.07.2023 , (12:00) на фб или инстаграм профилот на Спортски Клуб Соларис. Одговорен за СУП трките: Vlado Ristovski
– ТРКИ ВО ПЛИВАЊЕ
Ќе се одржат во дисциплината 25 метри слободен стил (ширина на реката Црн Дрим) Право на учество имаат сите полнолетни љубители на пливањето кои не се во натпреварувачка форма (не се активни натпреварувачи) Трките се реализираат во групи од по 3 натпреварувачи. Најдобрите 3 времиња од сите групи одат во финале
Пријавување најдоцна до 30.07.2023 , (12:00) на фб или инстаграм профилот на Спортски Клуб Соларис. Одговорен за пливачкитее трки проф. Д-р Лиза Пантековска. Liza Chakareska
– РЕВИЈАЛНИ ВАТЕРПОЛО НАТПРЕВАРИ
Ревијалните натпревари во ватерполо се во организација на Македонската ватерполо федерација во турнирска форма на натпреваување, Две полуфиналиња и финале. На него учество ќе земат четири екипи, членки на федерацијата.
Strugaonline

