Лев банер Десен банер

Денес започна второто полугодие од учебната 2025/2026

По тринеделен зимски распуст, денеска за основците и за средношколците почнува второто полугодие од учебната 2025/2026 година.

Учебната година ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за матурантите, кои според календарот за организација на учебната година во јавните средни училишта, ќе учат до 16 мај.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на Фејсбук им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие.

-Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник! – стои во објавата на Јаневска.

Министерката минатата недела изјави дека според изјавите од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје нема да има пречки за да почне новата учебна година, поради ситуацијата со грипот.

Апелираше до родителите, до учениците, да бидат редовни во училиштето и што е можно поретко да изостануваат затоа што сите испитувања и во Македонија и секаде во светот велат дека учениците што редовни ги посетуваат училиштата постигнуваат подобри резултати.

StrugaOnline

error: