Денеска „Генералка викенд“ во Струга

- Локални
78
79 општини меѓу кои и Општина Струга ќе учествуваат на ,,Генералка викенд“ што оваа година ќе се одржи од 9-ти до 11-ти мај.
Еколошката акција во Струга е закажана за денеска со почеток во 10:00 часот пред новата зграда на општината.
-Ги повикуваме сите граѓани на Општина Струга, според своите можност, да се приклучат на Генералка Викендот и заедно да го исчистиме градот. Најголем акцент ќе се стави на крајбрежјето на Охридското Езеро, кејовите на реката Црн Дрим и Паркот на поезијата. Ќе ви бидеме многу благодарни доколку учествувате на овој настан, велат од Општина Струга.
„Генералка викенд“ се реализира под покровителство на Man and Mountain заедно со партнерите Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе Банка, Костал, ЕВН, Бучим, Saubermacher и Црвен Крст, поддржани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и од Општина Струга.
StrugaOnline

Facebook Коментари