Лев банер Десен банер

Денеска „Новогодишен сон“, хуманитарен настан на плоштадот „Чинар“ во Охрид

На плоштадот „Чинар“ во Охрид, денеска напладне ќе се одржи новогодишниот хуманитарен настан „Новогодишен сон“.

Истиот има за цел да ја поттикне креативноста, хуманоста и солидарноста кај децата од основните училишта, но и возрасните волонтери на Црвен крст Охрид, преку изработка на најразлични новогодишни украси и предмети кои ќе бидат истакнати за продажба. Со секој купен производ ќе бидат извлекувани награди. Во забавниот дел од настанот, со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од основните училишта во општина Охрид, а присутен ќе биде и Дедо Мраз. Средствата собрани од оваа хуманитарна продажна акција ќе бидат наменети за разубавување на Новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.

StrugaOnline

error: