Општина Струга денеска организира незаборавна детска предновогодишна забава.

Стартот е закажан во 11:00 часот и ќе се одржи на платото пред Општина Струга.
На забавата настап ќе имаат учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга, ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга, студиото за танц „БАХ“ и играорни групи од Струга и Радолишта, а ќе има и дружење со Дедо Мраз, забавни игри, музика и празнична атмосфера.
StrugaOnline
Facebook Коментари